ДОМАШНИТЕ СЕМЕЈНИ СУДЕЊА ВО СТАРОТО РИМСКО ПРАВО
Abstract
Трудов што е пред вас се занимава со проблематиката на т.н. семејно правосудство
во Рим, како архаичен облик на приватнo судење, кои природно се јавил на самите почетоци на
римското процесно право. Поподробно се обработени „агнатските судови“, односно т.н. домашно
/ куќно судство; како и „когнатските судови“, односно т.н. фамилијарно / роднинско судство.
Посебно е ставен акцент на судењето на жената и на судењето на децата, кои биле под власта
на pater familias, а дадени се и одломки од старите автори кои се однесуваат на процесуирањето
и на казнувањето на т.н. фамилијарни злодела, од кои како најекстремен случај се сметало
таткоубиството (лат. parricidium).
Published
2023-02-07
Section
Articles