ФОРМАЛНО-ПРАВНИТЕ ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ Т.Н.. „ЗАКОН ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ“ НЕ Е ЗАКОН CASE STUDY
Abstract
Трудов што е пред вас произлезе од серијата јавни настапи и стручни написи
на авторот, пласирани низ пишаните и електронски медиуми и портали, а кои беа посветени на
акцентирањето на неотстранливите правни пречки со кои се соочува октроираниот т.н.. „Закон
за употреба на јазиците“ (2019). Впрочем, авторот на текстов е и еден од подносителите на
иницијативата пред Уставниот суд на РМ за поништување на овој противУставен и политички
наметнат правен акт, кој по ниту еден принцип на јавното право не може да произведе правно
дејство.
Во овој труд ќе се задржиме само на јуристичка аргументација на формално-правните
причини поради кои овој контроверзен т.н.. „закон“, донесен од страна на Собранието на РМ,
а илегално објавен во Службен весник на РМ без неопходниот претседателски потпис, не може
да произведе никакво правно дејство, поради директна спротивност на процедурата во која е
донесен со неколку важечки членови од Уставот на Република Македонија (1991) и неговите
амандмани, потоа од Законот за Собранието на РМ (2009), Законот за објавување на законите и
другите прописи во Службен весник на РМ (1999), како и од Деловникот на Собранието на РМ
(2008). Материјално-правните причини за неговата неуставност ќе ги разгледаме во некоја следна
прилика.