ЈУСТИНИЈАНОВИТЕ „ИНСТИТУЦИИ“ – ПРВИОТ ВИЗАНТИСКИ ПРАВЕН УЧЕБНИК СО ЗАКОНСКА СИЛА
Abstract
Трудов што е пред вас се занимава со еден важен аспект на правно-историска проблематика за т.н. Јустинијанова кодификација (лат. Corpus Iuris Civilis Romani), која го опфаќа правното наследство на целокупното Римско право. Поконкретно, авторот прави обид за расветлување на низа значајни прашања на правната романистика кои се однесуваат на: начинот на создавање, структурата, содржината, важноста, значењето, важењето и начинот на цитирање на познатите „Институции“ на источно-ромејскиот, т.е. византискиот император Јустинијан Први Велики (VI век). Меѓудругото, даден е и посебен осврт на реформата во високото правно образование во Византија, со акцент на правните студии кои се одвивале на тогашните две најдобри државни Високи правни школи – онаа во Бејрут и онаа во Константинопол. Кон крајот на трудот, авторот прави пионерски обид, за прв пат на македонски јазик, да ја преведе царската конституција Imperatoriam maiestatem (21 ноември 533 година) која се смета за своевиден вовед, односно предговор или преамбула на Институциите.