БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ФЕДЕРАЛНА ИЛИ КОНФЕДЕРАЛНА ДРЖАВА? – ЕДЕН ОСВРТ КОН ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ НА ЗЕМЈАТА ВО ПРЕДВЕЧЕРИЕТО НА ТРИЕСЕТАТА ГОДИШНИНА ОД ДЕЈТОНСКИОТ МИРОВЕН ДОГОВОР

Authors

  • Никола Амбарков

Abstract

Во 2025 се одбележува триесеттата годишнина од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор (ДМД). Со него беше ставен крај на три и пол годишната граѓанска војна, и беше даден почеток на преструктуирање на земјата на начин со кој се задржа нејзината целовитост, но внатрешно беше поделена на два ентитета. Ваквата опција беше еден своевиден компромис, но поставеноста на ентитетите во контекст на целокупниот политички систем на повоена БиХ, остана да предизвикува дилеми кај припадниците на академската заедница, кои се бават со компаративните политички системи. Кај нив нема недоумица дека со ДМД во БиХ се воспостави класичен модел на консоцијативна демократија. Но, малобројните координати кои ги пружи самиот дејтонски Устав, не им дава доволна основа, за in concreto, да дадат категорична оценка за тоа дали БиХ е федерација или конфедерација. Оттука, целта на овој труд е: преку начинот на настанокот на државата; обемот на нејзините надлежности; составот и начинот на одлучување на нејзините институции; самата организација на државната власт; односот помеѓу државното и ентитетското ниво преку поделбата на надлежностите помеѓу нив; како и преку земање во предвид на аргументите pro et contra; да се направи една анализа за тоа дали БиХ, 30 години по ДМД (под кој без малку цела една генерација израсна), е класична федерална држава или пак станува збор за еден своевиден федерално-конфедерален хибрид.
Клучни зборови: консоцијација, уставен инженеринг, меѓународна заедница, постконфликтност, југословенската криза, ентитети.

Downloads

Published

2026-01-23

Most read articles by the same author(s)