СЕМАНТИКАТА НА ЈАЗИКОТ ВО РУБРИКАТА „САКАМ ДА КАЖАМ“ ВО ДНЕВНИОТ ВЕСНИК „ВЕСТ“
Abstract
Овој труд има за цел да ја прикаже семантиката на јазикот во македонскиот дневен печат, т.е. скриените пораки и кодови коишто претставуваат важна компонента во еден текст на која треба да се обрне поголемо внимание при читањето. Преку конкретни примери во рубриката „Сакам да кажам“ која излегува во печат во дневниот весник „Вест“, направена е анализа на симболите и знаците коишто ги содржи еден текст, како и анализа на стилот на авторот. Авторот Горан Михајловски преку неговата рубрика „Сакам да кажам“ гради слика, поточно ја пресликува реалната состојба во којашто ние денес живееме. За скриената порака што тој ја пренесува да биде правилно сфатена и да се направи разлика меѓу буквалното и преносното значење, читателот треба да поседува некои основни знаења од областа на семантиката која придонесува толкувањето да биде успешно спроведено.
Клучни зборови: стилистика, стил, знак, код, значење, дневен печат.