ДЕСКРИПТИВНИТЕ „СЛИКИ“ ВО РОМАНОТ „СЕЛИДБИ“ ОД МИЛОШ ЦРЊАНСКИ
Abstract
Оваа статија се занимава со третман на категоријата опис во романот
„Селидби“ од Милош Црњански. Темелно се анализира т.н. категорија „чист“
опис, што подразбира опис без присуство на наративни елементи. Се обрнува
внимание и на полабилните описни ентитети, како што се „наративизираниот“
и т.н опис-супстантивизиран предикат. Не се пропушта ниту описот што
имплицира реален и просторен ефект, т.е. таков што би требало да предизивика
референцијална илузија. Целта на статијата е да се покаже дека „смислата на
романот може да се допре и преку дескрипцијата, а не само преку нарацијата, а
што се должи на долгото запоставување на описот како рамноправен ентитет на
наративното писмо.