МОРАЛНОТО И НАЦИОНАЛНОТО ДОСТОИНСТВО ВО ДРАМАТА „КРИВОРАЗБРАНА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“ ОД ДОБРИ ВОЈНИКОВ
Abstract
Комедијата „Криворазбрана цивилизација“ од основоположникот на
бугарската драма, Добри Војников, има за цел морално и поучно да повлијае врз бугарската
младина која сѐ повеќе се оттргнува од својата национална култура, прифаќајќи ја новата,
дотогаш непозната за нив западноевропска култура. Ликовите во делото се поделени во два
табора: ликови што цврсто и достоинствено стојат на националното и заблудени ликови кои го
презираат своето и прибегнуваат кон туѓото. На крајот, ликовите приврзаници на моралното и
националното достоинство во драмата „победуваат“, а тоа ќе биде претставено подолу во
трудот преку анализа на нивните дејства и говор и тоа најпрвин на површинско ниво на текстот,
откривајќи ги атрибутите на ликовите, а потем на длабинско рамниште на текстот, преку
актантниот модел на Грејмас.