ДИЈАЛЕКТИТЕ НА ШПАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ
Abstract
Во овој труд се анализира состојбата и застапеноста на шпанскиот
јазик во Соединетите Американски Држави, се истакнуваат разновидноста на јазикот
и неговите јазични варијации. Целта на овој труд е да се даде приказ на најзастапените
дијалекти на шпанскиот јазик во САД и детално да се објаснат нивните главни фонетско-
фонолошки особености. За потребите на овој труд се прави теоретско истражување
на литература од познати автори, а најмногу се користи литературата на Џон Липски,
американски лингвист кој всушност е еден од најеминентните научници и истражувачи
во областа на шпанската дијалектологија и јазична варијација.