ЗНАЧЕЊЕ НА МОДАЛНИТЕ ЧЕСТИЧКИ ОД ПЕРСПЕКТИВА НА ТЕОРИЈАТА ЗА ГОВОРНИ ЧИНОВИ

  • Biljana Ivanovska
  • Gzim Xhaferri

Abstract

Целта на овој труд е да се претстават модалните честички, нивното
значење и употреба реализирани во конкретни реченични примери. Тие се разгледуваат
како посебна група на зборови од перспектива на теоријата за говорните чинови,
како и од аспект на усвојувањето на странскиот јазик (германски). Посебно значење
се посветува на модалната честичка wohl и се претставува нејзината реализација во
конкретна реченична употреба. Во оваа статија тргнуваме од гледиштата на Хелбиг
Г. (1988), од основоположниците на теоријата за говорни чинови (Остин, Серл) и ги
продолжуваме нивните анализи поткрепувајќи ги со свои размислувања и ставови околу
значењето поврзано со прагматичката и комуникативната функција на оваа модална
честичка. Се разгледуваат синонимите како и колокациите каде се јавува оваа лексема и
нејзиното значење во конкретна реченица.

Published
2021-11-03

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2 3 > >>