СТАВОВИТЕ НА СТУДЕНТИТЕ ЗА УЧЕЊЕТО НА ДАЛЕЧИНА ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА КРИЗА
Abstract
Идејата за создавање на овој труд потекна од актуелната ситуација во Р
Северна Македонија, а која настана со здравствената криза предизвикана од коронавирусот,
која не ја поштеди ниту нашата држава. Целта беше да добиеме претстава за мислењето на
студентите со актуелното изведување на наставата во форма на учење на далечина во вонредна
состојба, што како метод на учење и изведување на наставата беше донесено со одлука на
Владата на Р Северна Македонија, а во склад со вонредната состојба предизвикана од вирусот
Ковид-19, кој несомнено промени многу нешта во секојдневието и во секој сегмент од
општествениот живот. Корона кризата не го одмина ниту образованието во сите сегменти: во
основното, средното, така и во високото образование. Како инструмент за анализа беше
користен прашалник со кој добивме слика за мислењето и искуството на студентите кои беа
директно вклучени во далечинското учење, за нивните очекувања, предности, но и недостатоци
од овој вид учење, како и предлози за подобрување на истото.