МЕЃУКУЛТУРНИТЕ ПРАГМАТИЧКИ ИСТРАЖУВАЊА И ПРАГМАТИКАТА НА МЕЃУЈАЗИКОТ – НИВНО ПОВРЗУВАЊЕ СО ПРАКТИКАТА
Abstract
Во овој труд се дава преглед на проектот насловен како: „Развивање на
меѓукултурните прагматички истражувања и истражувањата на прагматиката на меѓујазикот и
нивно поврзување со практиката“, што е пријавен и одобрен од Фондот за научно-
истражувачката работа при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Проектот се состои од
теоретски дел и од емпириски дел, каде се предвидени практични истражувања за говорните
чинови и за меѓукултурните прагматички истражувања. Во моментов, проектот се наоѓа во
својата почетна фаза на изработка и во овој труд се претставува значењето на теоретските
поставки на прагматиката на меѓујазикот и нивното поврзување со практиката.