ГОВОРОТ НА ИЗУЧУВАЧИТЕ НА АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК НАСПРЕМА ГОВОРОТ НА РОДЕНИТЕ ГОВОРИТЕЛИ

  • Marija Kusevska
  • Biljana Ivanovska
  • Nina Daskalovska

Abstract

Предмет на истражување на овој труд е реализацијата на говорниот чин на приговарање кај родените говорители и кај македонските изучувачи на англискиот јазик. Се анализираат два аспекти на реализацијата на овој говорен чин: директноста во изразувањето и модификацијата на говорниот чин, внатрешна и надворешна. Анализата покажа дека родените говорители покажуваат преферентност кон конвенционално-индиректното формулирање на приговарањето, а македонските изучувачи кон директното. Беа забележани значајни разлики и во поглед на модификацијата на приговарањето. Овие разлики придонесуваат за различно јазично однесување на припадниците на овие
две култури, што може да доведе до пречки во мeѓукултурната комуникација.

Published
2017-02-08

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 5 > >>