Видови на наставни програми по странски јазици

Authors

  • Nina Daskalovska
  • Biljana Ivanovska

Abstract

Наставниците по странски јазици отсекогаш барале ефективни начини за учење на јазикот. Како резултат на таа потрага по најдобрите и најефективните начини за учење на странските јазици се развиле голем број на различни приоди и методи. Овие приоди влијаеле на креирањето на наставните програми, што резултирало во развој на различни видови на наставни програми. Во овој труд се дискутира за различните видови на наставни програми и нивната поделба врз основа на начинот на кој ја дефинираат содржината и ги одредуваат селекцијата и организацијата на лингвистичките елементи и на задачите и активностите. Поаѓајќи од поделбата на наставните програми на тип А и тип Б, се анализира по еден пример од двата типа и се дискутира за нивните добри и лоши страни. Се нагласува потребата наставниците да ги познаваат различните видови на наставни програми за да бидат во состојба да прават правилен избор на начинот на кој предаваат и на методите кои ги користат.

Downloads

Published

2013-04-12

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 5 > >>