Медицинска терминологија-Вовед, Основи и Општо за јазикот во медицината
Abstract
Терминолошката лексика или т.н. термини служат за точно именување на поими, појави или предмети од науката, техниката и културата. Овој вид зборови јазикот најчесто ги презема како готови од друг јазик. Термините, за разлика од општо употребуваната лексика,се еднозначни. Брзиот научен и техничко- технолошки развиток на општеството носи со себе и нови термини кои, поради нивното постојано употребување, стануваат дел од општојазичната лексика. Така, зборовниот состав на македонскиот јазик се збогатува, пред сѐ, и на сметка на специјализираната терминологија во која преовладуваат странските зборови. Медицинската терминологија служи како јазик во струка за точна комуникација, пред сè, меѓу медицинскиот персонал.