ОБИДИТЕ ЗА КОДИФИКАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО XIX ВЕК
Abstract
Многу значаен период во развојот на македонскиот јазик е XIX век
кога започнува, како што е општопознато, новомакедонскиот период во развојот на
нашиот јазик. Македонците во тој период немаат своја држава и единствено нешто свое
што го имаат, е јазикот и духовноста – црквата.
Тогаш за првпат започнуваат првите обиди за издвојување на македонскиот јазик
како посебен. Во тој XIX век народниот јазик е издигнат на ранг на јазик за широка
употреба, станал „кључ что отвоерует серцето ваше, не кључ од злато и стребро, но
кључ от железо и чилик, што не се вие“. (Синаитски) 1 Потоа со текот на годините се
јавуваат различните гледишта и сфаќања за каков треба да биде јазикот и не може, а
да не се спомне дејноста на сите оние кои го натапкале трнливиот пат до конечната
кодификација на македонскиот литературен јазик по Втората светска војна. Тој процес
започнува уште со дејноста на Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски, со нив зедно
може да се приклучи Теодосија Синаитски, потоа со јасни ставови за идниот јазик
се произнесуваат Јордан Хаџи Константинов – Џинот, Партениј Зографски, Ѓорѓија
Пулевски, Григор Прличев, Кузман Шапкарев, лозарите и др. и секако, Крсте Петков
Мисирков.