СИМБОЛИКАТА НА ЗНАЧЕЊЕТО НА ПТИЦИТЕ ВО ДЕЛАТА НА ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ

  • Liljana Jovanovska

Abstract

За објаснување на самиот поим симбол (лат. symbolum < грч. σύμβολον: знак) постојат повеќе дефиниции: предмет,
дејство и сл. што служи како условен знак за некој поим, идеја; уметнички лик
што предава условно некоја мисла, преживеалица; воопшто: знак, означување
на сите карактеристики. 1 Ако од цитираново направиме паралела со темата
на овој труд, ќе дојдеме до тоа дека сето ова нѐ упатува на сфаќањето дека
читајќи го литературното дело, покрај соочувањето со содржината кога
ликот предава некоја мисла и преживеалица, треба да ја бараме симболиката
и длабоките значења скриени зад зборовите на авторот, да откриеме која е
смислата и суштината на самото дело за подобро да разбереме што сакал
да каже самиот тој. Симболиката ја бараме постојано, надевајќи се дека ќе
окриеме нешто повеќе, нешто што ќе ни даде духовна храна и нешто што кога
ќе го разбереме, ќе ни помогне да направиме пресликување врз нас и нашето
душевно воздигнување. Во овој труд ќе се осврнеме накратко на творештвото
на Видое Подгорец, посебно на неговата проза и на значењето на симболиката
на птиците во неговите дела.

Published
2023-03-04