ГОВОРНИОТ ЧИН ОДБИВАЊЕ НА ПОКАНА КАЈ СТУДЕНТИТЕ ОД ГРУПАТА ЗА ТУРСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ

  • Marija Leontik
  • Despina Minova

Abstract

Истражувањето на говорниот чин одбивање што се презентира во овој
труд се реализира на Групата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет
при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Истражувањето вклучува одбивање покана.
Сите учесници во истражувањето се студентите од Групата за турски јазик и книжевност.
Некои од нив се Турци од Македонија, а другиот дел се Македонци Торбеши кои
студираат турски јазик и книжевност во ист клас. Играњето по улоги се користи како
метод кој обезбедува податоци за говорниот јазик преку неконтролирани и спонтани
ситуации од испитаниците. Одбивањата на учесниците во дијалозите се кодирани
според семантичките формули на: Blum-Kulka, S., House, J., &. Kasper, G. Анализата на
корпусот на одбивање на турски јазик покажа дека учесниците не користат само еден
вид постапка. Тие користат низа стратегии за одбивање меѓу кои причина/објаснување
на покана е најчеста стратегија.

Published
2022-01-29

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 > >>