ОСВРТ КОН МАКЕДОНСКАТА ТЕРМИНОЛОГИЈА

  • Svetlana Jakimovska

Abstract

Во овој труд ќе се осврнеме на развојот на терминолошката дејност
во Македонија, земајќи ги предвид делата што се однесуваат на терминологијата на
македонски јазик, но на делата што ја опфаќаат македонската и француската правна
терминологија.
На почеток, ќе ги споменеме најстарите дела со терминолошка ориентација во
Македонија, а потоа подетално ќе ја анализираме терминолошката дејност во рамките
на МАНУ, како и прирачниците кои опфаќаат одредени терминолошки аспекти. Исто
така, накратко, ќе ги презентираме магистерските тези и докторските дисертации од
областа на македонската и француската терминологија. Во однос на терминографската
активност, ќе се осврнеме на речничките и на енциклопедиските изданија. Конечно,
ќе ја разгледаме и улогата на терминологијата во рамките на високото образование,
преку издавањето на учебници за проучување на францускиот стручен јазик, но и преку
востановување на терминологијата како посебен предмет на одредени факултети.

Published
2022-01-29

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>