ПРИДОНЕСОТ НА ФУНКЦИОНАЛИСТИЧКИТЕ ТЕОРИИ ВО РАЗВОЈОТ НА СОВРЕМЕНАТА ТРАДУКТОЛОШКА МИСЛА
Abstract
Овој труд има за цел да ги претстави основните поставки на
функционалистичките теории. Станува збор за теории кои се развиваат главно во
Германија, востановени од Катерина Рајс и Ханс Фермеер. Рајс ја разработува теоријата
за видови текстови, а потоа заедно со Фермеер ја востановува и теоријата за скопос со
која акцентот се става врз функцијата, односно целта на текстот-цел. Овие првични
теориски погледи ќе бидат надградувани и дебатирани од повеќе традуктолози, а Норд
ќе се обиде да ги помири различните ставови, особено кога станува збор за позицијата
на појдовниот текст и на преводот.