КОН ПРЕВОДОТ НА „СЛАВНАТА ИНВАЗИЈА НА МЕЧКИТЕ НА СИЦИЛИЈА“ ОД ДИНО БУЦАТИ
Abstract
Трудот претставува осврт кон преводот од италијански јазик на романот
Славната инвазија на мечките на Сицилија од Дино Буцати. Станува збор за роман-
басна, навидум книга за деца, но кој со својата разновидност на содржини и на пораки,
недвосмислено се наметнува како предизвик и за возрасната читателска публика. По
презентацијата на темите застапени во романот и на неговите качества, се осврнуваме
на преведувачките постапки употребени од страна на Никодиновска чие искуство во
преведувaњето на Буцати се вообличува и преку претходни преводи на негови дела.