ИНТЕРПРЕТАТИВНАТА ТЕОРИЈА ВО РАМКИТЕ НА СОВРЕМЕНИТЕ ПРЕВЕДУВАЧКИ ТЕОРИИ
Abstract
Овој труд има за цел да ги изложи основните поставки на интерпретативната теорија.
Востановена во 70-тите години на минатиот век таа претставува пресвртница во дотогашните
проучувања на преведувањето затоа што за прв пат ги зема предвид когнитивните аспекти на
преведувањето, отфрлајќи го дотогашниот чисто лингвистички пристап кон преведувањето.
Нејзина заслуга е и утврдувањето на девербализацијата како една од фазите на преведувачкиот
процес.