ПРИМЕНА НА ПРЕВЕДУВАЧКИ ПОСТАПКИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПРЕВОД НА НОВЕЛАТА „МАЛИОТ ГОСПОДИН ФРИДЕМАН“ ОД ТОМАС МАН

  • Megi Dimova
  • Darinka Marolova

Abstract

Предмет на истражување на овој труд се преведувачките постапки и
нивната примена при преведување на новелата „Малиот господин Фридеман“ од Томас
Ман на македонски јазик. Во трудов се врши анализа на извесни секвенци од новелата,
кои се преведуваат со примена на преведувачки постапки и дополнително се објаснуваат
и образложуваат, со паралелно набљудување на германските сегменти и нивните
преводи на македонски јазик. Истражувањето се врши низ призмата на теориската
рамка на дел од преведувачките решенија кои ги нудат Вине и Дарбелне (1995), но
земена е предвид и анализата на Никодиновска (2009). Целта на ова истражување е да
се идентификуваат спецификите на два јазични системи (германскиот и македонскиот)
преку примена на преведувачките постапки кои преведувачите свесно или несвесно ги
применуваат при преведување литературни дела.

Published
2023-12-07

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>