Кооперативно учење во функција на хуманизација на воспитно - образовната работа

Authors

  • Sonja Petrovska

Abstract

Хуманизмот како парадигма се појавува некаде во шеесеттитегодини од минатиот век и во својата основа ги поставува човековатаслобода, потенцијалот и достоинството. Централна претпоставка нахуманизмот е дека луѓето дејствуваат интенционално и вредносно(Huitt, 2001). Образованието кое во себе ја кумулира хуманистичкатадимензија како примарни цели ги поставува самоактуализацијата иавтономноста на оние кои учат, ги почитува нивните интереси и потреби ија поттикнува внатрешната мотивација. Вредностите на хуманизмот можеда бидат имплементирани во курикулумите, во методите, во техниките, востратегиите на учење и поучување и конечно во стилот на наставникот.Кооперативното учење како стратегија за учење и поучување гизема предвид когнитивни и афективните аспекти на учењето, ја истакнуваактивноста на учениците, ја промовира соработката и поддршката, аистовремено дава можност за правење баланс помеѓу индивидуалнитеи колективните чувства за успех/неуспех. Од тие причини сметавмедека е вредно да се проучат и презентираат можностите кои ги нудикооперативното учење за хуманизација на воспитно-образовниот процес.

Downloads

Published

2013-10-24

Most read articles by the same author(s)