Техники на мониторинг на изложеност на гасови на отворен простор во урбана средина

  • Dejan Angelovski
  • Dejan Mirakovski
  • Marija Hadzi-Nikolova
  • Nikolinka Doneva

Abstract

Современиот начин на живеење, брзиот пораст на индустриското производство, технолошкиот напредок, интензивните и современиформи на производство, со цел задоволување на потребите на човечкатапопулација која се зголемува со забрзано темпо доведуваат до неминовнозагадување на животната средина, а особено на амбиентниот воздух.Најчести загадувачи на воздухот се цврстите честички (РМ2,5 и РМ10),CO, NO2 и SO2 кои истовремено се вбројуваат и во групата на загадувачкисупстанции кои го определуваат квалитетот на амбиентниот воздух. Воовој труд се прикажани техниките на мониторинг на изложеност на гасовина отворен простор во урбана средина и резултатите од студија спроведенаво 2014 година, во рамки на која беа вршени мерења на изложеностна CO, NO2 и SO2 на група од 6 (шест) работници кои своите работнизадачи ги извршуваат на отворен простор, во близина на фреквентнисообраќајници и во населени места. Во периодот кога се вршени мерењатаспоред извештаите кои ги даваа надлежните институции концентрацијатана загадувачките супстанции на мерните места на територијата на ГрадСкопје беше неколку пати над максимално дозволената. Имајќи предвиддека резултатите од спроведената студија покажаа дека најголемаконцентрација на која се изложени спомената категорија на работницие концентрацијата на јаглерод моноксид, во трудот ќе бидат прикажанирезултатите од персоналната изложеност на сите три загадувачкисупстанции, со посебен осврт на резултатите од персоналната изложеностна работниците на јаглерод моноксид (СО).

References

Charles,K., Magee, R.J., Won, D., Lusztyc,E., Indoor Air quality guidelines and standards, National research council, Canada.

Gastec Environmental Analysis Technology Handbook (12th ed.). Japan: Gastec Corporation, 2012.

Mirakovski, Dejan and Hadzi-Nikolova, Marija and Panov, Zoran and Despodov, Zoran and Mijalkovski, Stojance and Vezenkovski, Gorgi, Miners` Exposure to Carbon Monoxide and Nitrogen Dioxide in Underground Metallic Mines in Macedonia. Occupational Safety and Hygiene. p. 449. ISSN 978-1-138-00047-6, 2013

Mirakovski, Dejan and Hadzi-Nikolova, Marija and Doneva, Nikolinka and Mijalkovski, Stojance and Vezenkovski, Gorgi, Miners` exposure to gaseous contaminats curent situation and legislation. In: 5th Balkan Mining Congress, 18-21 Sept 2013, Ohrid, Macedonia

Mirakovski, Dejan and Hadzi-Nikolova, Marija and Doneva, Nikolinka and Vezenkovski, Gorgi (2014) Monitoring of personal exposure on physical and chemical hazards in real mining areas. In: VII Стручно советување со меѓународно учество Подекс-Повекс ‘14, 14-15 Nov 2014, Radovis, Macedonia.

US EPA. 2002. Health assessment document for diesel engine exhaust. National Center for Environmental Assessment EPA/600/8–90/057F: Washington, DC: US EPA, 2002.

Yanowitz, J., McCormick, R. L., Graboski, M. S. 2000. In-use emissions from heavy-duty vehicle emissions. Environmental Science & Technology: 34: 729–40, 2000.

Zey, J. N., Stewart, P. A., Hornung, R. et al., Evaluation of side-byside pairs of acrylonitrile personal air samples collected using different sampling techniques. Applied Occupational and Environmental Hygiene: 17: 88–95, 2002.

Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработени од ризици поврзани со изложување на хемиски супстанци (Сл. весник на РМ, бр. 46/2010)

Уредба за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Сл.весник на РМ 50/05, 04/13)

Published
2016-02-08

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>