Техники на мониторинг на изложеност на гасови на отворен простор во урбана средина
Abstract
Современиот начин на живеење, брзиот пораст на индустриското производство, технолошкиот напредок, интензивните и современиформи на производство, со цел задоволување на потребите на човечкатапопулација која се зголемува со забрзано темпо доведуваат до неминовнозагадување на животната средина, а особено на амбиентниот воздух.Најчести загадувачи на воздухот се цврстите честички (РМ2,5 и РМ10),CO, NO2 и SO2 кои истовремено се вбројуваат и во групата на загадувачкисупстанции кои го определуваат квалитетот на амбиентниот воздух. Воовој труд се прикажани техниките на мониторинг на изложеност на гасовина отворен простор во урбана средина и резултатите од студија спроведенаво 2014 година, во рамки на која беа вршени мерења на изложеностна CO, NO2 и SO2 на група од 6 (шест) работници кои своите работнизадачи ги извршуваат на отворен простор, во близина на фреквентнисообраќајници и во населени места. Во периодот кога се вршени мерењатаспоред извештаите кои ги даваа надлежните институции концентрацијатана загадувачките супстанции на мерните места на територијата на ГрадСкопје беше неколку пати над максимално дозволената. Имајќи предвиддека резултатите од спроведената студија покажаа дека најголемаконцентрација на која се изложени спомената категорија на работницие концентрацијата на јаглерод моноксид, во трудот ќе бидат прикажанирезултатите од персоналната изложеност на сите три загадувачкисупстанции, со посебен осврт на резултатите од персоналната изложеностна работниците на јаглерод моноксид (СО).Downloads
Download data is not yet available.
Downloads
Published
2016-02-08
Issue
Section
Article
How to Cite
Техники на мониторинг на изложеност на гасови на отворен простор во урбана средина. (2016). Natural Resources and Technology, 9(9). https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/1283