Сензорна и аналитичка евалуација на ладно-цедени масла од сончоглед

  • Sanja Kostadinovik Velickovska
  • Sasa Mitrev
  • Fidanka Ilieva
  • Ljupco Mihajlov

Abstract

Составот на масните киселини, испарливите компоненти и сензорната евалуација на на 16 ладно-цедени сончогледови масла беа предмет на ова истражување. Низок удел на мононезаситена олеинска киселина и висок удел на полинезаситена линолеинска киселина (со удел преку 60%) може да предизвика брза оксидација на маслото во спредба на масла кои имаат висок удел на олеинска киселина и да предизвикаат „ужегнат“, „кисел“ или „горчлив“ вкус. Количеството на алфа-пинен може да служи како маркер при производство на ладно-цедено сончогледово масло. Овој монотерпен е многу испралив. Според тоа, екстремно ниски концентрации на овој терпен како и на други испитувани монотерпени укажуваат на незадоволителен квалитет на сончогледови зрна или несоодветен третман на зрната при процесот на ладно-цедење.
Published
Feb 5, 2016
How to Cite
KOSTADINOVIK VELICKOVSKA, Sanja et al. Сензорна и аналитичка евалуација на ладно-цедени масла од сончоглед. Journal of Agriculture and Plant Sciences, [S.l.], v. 13, n. 1, p. pp. 25-39, feb. 2016. ISSN 2545-4455. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFA/article/view/1083>. Date accessed: 12 aug. 2020.

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 5 6 > >>