Влијание на зголемените дози на NPK ѓубрињата врз приносот, морфолошките и хемиските својства на пиперката Куртовска Капија

  • Vasil Kocevski
  • Dobrin Jakimov

Abstract

Четиригодишното испитување со три дози од 350, 490 и 630 kg/ha NPK ѓубриња при ист однос N : P2O5 : K2O како 1 : 1,5 : 1, врз алувијална почва средно обезбедена со P2O5 и K2O ѓи даде следните резултати. Првата доза N100 P150K100 даде најдобар ефект врз приносите. Контролата имаше најголем процент на сува материја. Оваа доза на NPK даде најголеми приноси на сува материја по еден хектар. Сите NPK варијанти покажуваат позитивен ефект врз морфолошките својства на пиперката, но најниската доза се наоѓаше на прво место.

Врз хемиските својства на пиперката NPK ѓубрињата дадоа позитивно влијание.

Најниската доза на NPK ѓубрињата имала и најголем економски ефект.

Published
Apr 22, 2013
How to Cite
KOCEVSKI, Vasil; JAKIMOV, Dobrin. Влијание на зголемените дози на NPK ѓубрињата врз приносот, морфолошките и хемиските својства на пиперката Куртовска Капија. Journal of Agriculture and Plant Sciences, [S.l.], p. pp.17, apr. 2013. ISSN 2545-4455. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFA/article/view/299>. Date accessed: 14 july 2020.

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>