Xanthomonas campestris pv. Vesicatoria причинител на бактериската дамкавост кај пиперката од сортата Куртовска капија

  • Sasa Mitrev
  • Filip Pejcinovski

Abstract

Бактериите се изолирани од дамките на листовите кај пиперката (Capsicum annuum L. cv. kurtovska kapija) одгледувана на отворено. Првите симптоми на заболените растенија се приметуваа при крајот на месец јуни во различни подрачја во струмичко. Добиени се мноштво бактериски изолати и подетално се проучени карактеристиките на десет од нив. Од проучуваните патогени, морфолошки, биохемиски, физиолошки и одгледувачки карактеристики може да се заклучи дека споменатите изолати припаѓаат на бактеријата Xanthomonas campestris pv. vesicatoria. Штетите што ги причинува овој патоген беа различни во поедини години и се во тесна зависност од климатски услови. Загубите во приносот просечно се движеа во границите од 10 до 20%, додека во поединечни случаи приносот кај некои парцели беше намален и до 80%. Причинителот на бактериската дамкавост кај пиперката досега не е проучуван во нашата земја, исто така на овој проблем не е посветено и соодветно внимание и од страна на многуте производители во Република Македонија.
Published
Apr 23, 2013
How to Cite
MITREV, Sasa; PEJCINOVSKI, Filip. Xanthomonas campestris pv. Vesicatoria причинител на бактериската дамкавост кај пиперката од сортата Куртовска капија. Journal of Agriculture and Plant Sciences, [S.l.], p. pp.50, apr. 2013. ISSN 2545-4455. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFA/article/view/328>. Date accessed: 18 sep. 2019.

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 > >>