Карактеристики на бактериските изолати Pseudomonas syringae pv. Syringae изолирани од лисните дамки кај пиперката во Македонија

  • Sasa Mitrev
  • L Gardan
  • R Samson

Abstract

Бактериската лисна дамкавост кај расадот на пиперката е ново заболување (Capsicum annuum - Куртовска капија) за прв пат е забележано во 1995 год. Како причинител на ова заболување е изолирана бактерија од родот Pseudomonas која припаѓа на групата Ia по LOPAT тестот. Симптомите добиени со вештачките инокулации се идентични со тие добиени во природата. Некои изолати произведуваат сyрингомyцин и ниеден од нив не е патоген кон јоргованот (lilac). Во нумеричката таксономска студија на пет наши изолати споредени со 58 патовари од бактеријата Pseudomonas syringae и 10 слични видови, сите пет изолати се групирани во еден фенон. Имајќи ги во обзир фенотипските, серолошките, патогените карактеристики, како и ДНК сличноста на изолатите, може да се каже дека припаѓаат на бактеријата Pseudomonas syringae pv. syringae.
Published
Apr 23, 2013
How to Cite
MITREV, Sasa; GARDAN, L; SAMSON, R. Карактеристики на бактериските изолати Pseudomonas syringae pv. Syringae изолирани од лисните дамки кај пиперката во Македонија. Journal of Agriculture and Plant Sciences, [S.l.], p. pp.54, apr. 2013. ISSN 2545-4455. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFA/article/view/332>. Date accessed: 23 jan. 2020.

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 > >>