РИМСКИТЕ ВОЕНИ СУДОВИ

  • Димитар Апасиев

Abstract

Раскрстувањето со монархистичкото уредување по
прогонот на последниот римски крал од Етрурската династија и преминот
кон републикански облик на политичко уредување претставуваше и
конечно зацврстување на римската државност, па дури тогаш беше
извршено и дефинитивното разделување на општествениот нормативен
поредок на fas, mos и ius – односно разграничувањето помеѓу религијата,
обичаите и правото; како и помеѓу световната и духовната власт од една,
и цивилната и воената власт од друга страна. Впрочем, во римско време,
тријалистичката поделба на државните органи согласно нивната функција
во власта - на законодавни, извршни и судски - не постоеше! Имено, во
периодот на Републиката (Res publica Romana), која траеше од почетокот
на VI до втората половина на I век пр.н.е., сите државни органи - односно
Сенатот, народните собранија и магистратите - помалку или повеќе
учествуваа во вршењето на сите три функции на власта. Во продолжение
овој труд особено ќе се занимава со воениот империум (imperium militiae)
и правото на казнување (ius coercendi) коешто го поседуваа вишите римски
магистрати, a кое се однесуваше на т.н. нередовни коерциции, односно на
римските Судови во посебни околности, кои судеа во вонредни или во
воени прилики.
Клучни зборови: логор, трибунал, воен деликт, воен империум, војсководец, строј, преториум, регрутација, десеткување

Published
Apr 27, 2019
How to Cite
АПАСИЕВ, Димитар. РИМСКИТЕ ВОЕНИ СУДОВИ. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 4, n. 4, apr. 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/2806>. Date accessed: 07 aug. 2020.