К И К Е Р О Н- DISERTISSIME ROMULI NEPOTUM (I)

  • Димитар Апасиев

Abstract

Маркo Тулиe Цицерон, според традиционалниот
изговор, или Марк Тулиј Кикерон (Мarcus Tullius Cicero / 106–43 год.
пр.н.е.), според поавтентичниот класичен изговор на латинскиот јазик,
важи за прво и најпрепознатливо име во римското и во целокупното
античко, па и светско беседништво. Според мислењата на голем број
видни проучувачи на класичната реторика, тој е првиот и последен
автентичен римски „совршен говорник“ (perfectus orator)! Истовремено,
тој е и една од најзначајните личности од Антиката чиј индивидуален
придонес остави печат во духовниот развиток на човештвото. Во неговиот
лик се споени различни дела, идеи и доблести – така што неговиот живот
и неговите размисли и натаму предизвикуваат интересирање во сите
цивилизирани култури. Целта на овој труд, кој е прв дел од трилогијата
посветена на Кикерон, е одблизу да се осврне на неговиот животен пат
и државничка кариера, додека останатите делови ќе бидат посветени на
неговиот теоретски и практичен придонес кон реториката.
Клучни зборови: говорник, говори, магистратури, реторика, философија, правници

Published
Apr 27, 2019
How to Cite
АПАСИЕВ, Димитар. К И К Е Р О Н- DISERTISSIME ROMULI NEPOTUM (I). Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 5, n. 5, apr. 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/2830>. Date accessed: 07 aug. 2020.