Кикерон Ц И Ц Е Р О Н НАЈРЕЧИТИОТ ОД ПОТОМЦИТЕ НА РОМУЛ

  • Димитар Апасиев

Abstract

Маркo Тулиe Цицерон, според традиционалниот
изговор, или Марк Тулиј Кикерон (Мarcus Tullius Cicero / 106–43 год.
пр.н.е.), според поавтентичниот класичен изговор на латинскиот јазик,
важи за прво и најпрепознатливо име во римското и во целокупното
античко, па и светско беседништво. Според мислењата на голем број
видни проучувачи на класичната реторика, тој е првиот и последен
автентичен римски „совршен говорник“ (perfectus orator), кој живеел
и творел во првиот век пред Христа, а бил немилосрдно убиен на своја
63-годишна возраст. Истовремено, тој е и една од најзначајните личности
од антиката чиј индивидуален придонес остави неизбришлив печат во
духовниот развиток на човештвото. Во неговиот лик се споени различни
идеи, дела и доблести – така што неговиот живот и неговите размисли
и натаму предизвикуваат интересирање не само во европските, туку и
во сите светски цивилизирани култури. Првиот труд од планираната
трилогија посветена на Кикерон, кој беше објавен лани, одблизу се осврна
на неговиот животен пат и државничка кариера; додека овој втор труд
главно ќе биде посветен на неговиот теоретски и практичен придонес кон
реториката, со посебен осврт на Кикероновото офанзивно форензично
беседништво.
Клучни зборови: реторика, оратор, судско говорништво, обвинител,
адвокат

Published
Apr 27, 2019
How to Cite
АПАСИЕВ, Димитар. Кикерон Ц И Ц Е Р О Н НАЈРЕЧИТИОТ ОД ПОТОМЦИТЕ НА РОМУЛ. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 6, n. 6, p. 17-33, apr. 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/2852>. Date accessed: 05 aug. 2020.