ПРАВНИТЕ АСПЕКТИ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА Т.Н. ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР МЕЃУ РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА И „ВТОРАТА СТРАНА“

  • Димитар Апасиев

Abstract

Трудов што е пред вас произлезе од серијата мои јавни настапи и стручни
написи пласирани низ пишаните и електронски медиуми и портали, а кои беа посветени на
акцентирањето на неотстранливите правни пречки со кои се соочува октроираниот т.н.
Преспански договор (2018) склучен помеѓу министрите за надворешни работи на Република
Македонија – г. Никола Димитров [без овластување од страна на Претседателот на Републиката]
и на Република Грција – г. Никос Коѕијас.
Во овој труд ќе се задржиме на јуристичка аргументација за причините поради кои
контроверзната Одлука за распишување на референдум бр. 08 – 4666/1 (Сл. весник на РМ –
140/18 од 30.VII.2018) за перфидно планираната промена на уставното име на Републиката,
донесена од страна на Собранието на РМ, не може да произведе правно дејство, поради директна
спротивност со неколку важечки членови од Уставот на Република Македонија (1991), од
Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните (2005) и од
Кодексот за добри референдумски практики (2007) на Венецијанската комисија при Советот на
Европа. Ќе биде дадено и научно објаснување на капциозноста и двосмисленоста на самото
поставено референдумско прашање, а ќе ги опфатиме и формално-правните и материјално-
правните недостатоци во структурата и содржината на оваа мошне спорна собраниска одлука.
Клучни зборови: „Преспански договор“, „Северна Македонија“, уставно име, референдум, цензус

Published
May 27, 2019
How to Cite
АПАСИЕВ, Димитар. ПРАВНИТЕ АСПЕКТИ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА Т.Н. ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР МЕЃУ РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА И „ВТОРАТА СТРАНА“. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 8, n. 8, may 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/2987>. Date accessed: 24 aug. 2019.