ГОВОРОТ НА ИЗУЧУВАЧИТЕ НА АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК НАСПРЕМА ГОВОРОТ НА РОДЕНИТЕ ГОВОРИТЕЛИ

  • Марија Кусевска
  • Билјана Ивановска
  • Нина Даскаловска

Abstract

Предмет на истражување на овој труд е реализацијата на говорниот чин на приговарање кај родените говорители и кај македонските изучувачи на англискиот јазик. Се анализираат два аспекти на реализацијата на овој говорен чин: директноста во изразувањето и модификацијата на говорниот чин, внатрешна и надворешна. Анализата покажа дека родените говорители покажуваат преферентност кон конвенционално-индиректното формулирање на приговарањето, а македонските изучувачи кон директното. Беа забележани значајни разлики и во поглед на модификацијата на приговарањето. Овие разлики придонесуваат за различно јазично однесување на припадниците на овие
две култури, што може да доведе до пречки во мeѓукултурната комуникација.

Published
Feb 8, 2017
How to Cite
КУСЕВСКА, Марија; ИВАНОВСКА, Билјана; ДАСКАЛОВСКА, Нина. ГОВОРОТ НА ИЗУЧУВАЧИТЕ НА АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК НАСПРЕМА ГОВОРОТ НА РОДЕНИТЕ ГОВОРИТЕЛИ. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 7, n. 1, p. 7-15, feb. 2017. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/1783>. Date accessed: 24 nov. 2017.