ИДЕНТИТЕТОТ НА АЛБЕРТИНА ИЛИ ЗА НЕДОЛОВЛИВАТА СТВАРНОСТ КАЈ ПРУСТ

  • Ева Ѓорѓиевска

Abstract

Употребата на меморијата како средство за структурирање на литературниот текст, преплетувањето на минатото со сегашноста, подвојувањето на раскажувачкиот субјект, претставувањето на ониричките состојби на духот и телото се некои од својствата кои го одбележуваат делото на Пруст. Но, доколку сегментите на минатото и атмосферата на сонот го фрагментираат сеќавањето на нараторот, со ликот на Албертина фрагментарноста станува одлика на перцепцијата обременета од копнежот. Во текстот кој следи ќе се задржиме на анализа на ликот на Албертина преку чие постепено создавање може да се согледа прустовата поетика на недоловливост.

Published
Feb 8, 2017
How to Cite
ЃОРЃИЕВСКА, Ева. ИДЕНТИТЕТОТ НА АЛБЕРТИНА ИЛИ ЗА НЕДОЛОВЛИВАТА СТВАРНОСТ КАЈ ПРУСТ. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 7, n. 1, p. 71-83, feb. 2017. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/1789>. Date accessed: 24 nov. 2017.