ЕСТЕТСКАТА ФУНКЦИЈА НА СИМБОЛОТ ВО „БЕЛИ МУГРИ“ ОД РАЦИН

  • Packa Taseva
  • Tole Belcev

Abstract

Апстракт: Овој труд претставува анализа на естетската функција на
симболот во песните од збирката „Бели мугри“ на Кочо Рацин. Теориски е
образложена функцијата на симболот, нагласени се цитати и дефиниции за
симболот коишто се поткрепени со примери. Успеавме да издвоиме симболи во
сите дванаесет песни од збирката и да ги толкуваме тие симболи. По извршената
анализа на песните, утврдивме дека симболот за тутунот е доминантен во
песните од „Бели мугри“. Овој симбол го среќаваме во песните „Селска мака“;
„Тутуноберачите“ и „Ленка“. Тутунот, всушност, ја симболизира горчината,
непријатностите, маката и јадот. Ако го земеме предвид временскиот период во
кој творел Рацин, а тоа е периодот меѓу двете светски војни (период исполнет со
непријатности, горчини, тага, јад...), несомнено е дека Рацин бил инспириран
од морално-патриотски побуди, од богатата револуционерна традиција и од
ропството под кое се наоѓа Македонија.

Published
Dec 22, 2018
How to Cite
TASEVA, Packa; BELCEV, Tole. ЕСТЕТСКАТА ФУНКЦИЈА НА СИМБОЛОТ ВО „БЕЛИ МУГРИ“ ОД РАЦИН. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 6, n. 6, p. 131-140, dec. 2018. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/2517>. Date accessed: 28 jan. 2020.

Most read articles by the same author(s)