РАЗЛИКИ МЕЃУ ШПАНСКИОТ И ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК ОД ФОНОЛОШКА ГЛЕДНА ТОЧКА

  • Nadica Negrievska
  • Dragan Donev

Abstract

Споредувањето е активност која ја вршиме секојдневно со цел да ги
истакнеме сличностите и разликите помеѓу две дејства, лица или нешта. Многу
научни дисциплини го користат методот на споредба или контрастивна анализа.
Во нашиот труд ќе направиме споредба меѓу фонолошките карактеристики
во италијанскиот и шпанскиот јазик со цел да ги истакнеме разликите на
фонолошко ниво. Во почетокот на трудот ќе направиме краток преглед на
потеклото на италијанскиот и шпанскиот јазик, а потоа ќе се задржиме на некои
најзначајни разлики во поглед на акцентот и вокалниот и консонантскиот систем
во двата јазика. Овој труд може да најде примена во наставата по италијански
и шпански јазик и да им помогне на студентите во надминување на тешкотиите
при изучување на овие два странски јазика, како и во намалување на грешките
кои настануваат како резултат на заемното влијание меѓу двата јазика.

Published
Dec 22, 2018
How to Cite
NEGRIEVSKA, Nadica; DONEV, Dragan. РАЗЛИКИ МЕЃУ ШПАНСКИОТ И ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК ОД ФОНОЛОШКА ГЛЕДНА ТОЧКА. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 7, n. 8, p. 9-17, dec. 2018. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/2534>. Date accessed: 26 june 2019.

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>