Каков наставник всушност сакаме
Abstract
Образованието на наставниците се продолжува со идеите за напредок кои треба да се реализираат - мотив кој ја следи педагошката рефлексија од античките почетоци. Прашање е и колку се разликува педагошкото мислење за прогресот од вкупниот општествен дискурс. Колку сме ние како педагошки работници заточеници на парадигмата дека во образованието е можно да се оствари еден проект само доколку постојат соодветни општествени претпоставки, општествен систем, општествени односи. Дали и денес за училиштето важи мислата дека тоа е повеќе производ на општеството отколку двигател на општествениот напредок? Неспорно е дека промислувањето на овие идеи или освестувањето во однос на процесот на образованието на наставниците може да придонесе кон препознавањето, зајакнувањето и ослободувањето на нивните потенцијални можности со истакнувањето на почетната премиса дека образованието е многу повеќе од само школувањето и професионалното оспособување.
References
Bratanić, M. (1993). Mikropedagogija. Zagreb: Školska knjiga.
Burbules, Н., Bruce B. (2001). “Theory and research on teaching as dialogue.” Handbook of Research on Teaching. 4th ed., Virginia Richardson, ed. (Washington, DC: American Educational Research Association, 2001), pp. 1102-1121.
Edwards, D., Mercer, N. (1987). Common Knowledge. The Development of Understanding in the Classroom. London: Methuen/Routledge.
Jonassen, D.H. (1999). Designing constructivist learning environments. Instructional Theories and Models. (pp.215-239). 2nd ed. Mahwah, NJ: Lawrence Erlbaum Associates.
Palincsar, A. S. (1986). The role of dialogue in providing scaffolding instruction. Educational Psychologist, 21, (1&2), 73-98.