Некои карактеристики на развојот на образованието на наставници во Република Македонија (од учителска школа – Штип до Педагошки факултет – Штип)

  • Sonja Petrovska
  • Jadranka Bocvarova
  • Ana Petrovska

Abstract

„Ако учителот ја сака работата, тој е добар учител. Ако учителот го сака ученикот како татко или мајка, тој е подобар од оној учител кој ги прочитал сите книги… Кога учителот ќе ја обедини љубовта кон работата и љубовта кон учениците – тој е совршен учител“ (Лав Н. Толстој). Законската легислатива, педагошката документација, како и стручните и научните записи за работата на Учителската школа „Гоце Делчев“ во Штип јасно го потврдуваат нејзиниот стремеж/визија за создавање на совршени учители, учители кои имаат љубов и кон професијата и кон учениците, учители кои поседуваат високи морални, интелектуални, карактерни и естетски квалитети. Низ педагошката дејност на Јосиф Ковачев, Ѓорче Петров, Даме Груев, Гоце Делчев, повеќе од 140 години пулсира хуманистичко просветителската мисија на македонското учителство во Штип и Штипско. Во трудот се елаборираат некои карактеристики на развојот на образованието на наставници во Република Македонија во периодот од појавата на Учителската школа во Штип, сè до денес, кога подготовката на наставници во Штип се остварува во рамките на Педагошкиот факултет.
Published
Apr 18, 2013
How to Cite
PETROVSKA, Sonja; BOCVAROVA, Jadranka; PETROVSKA, Ana. Некои карактеристики на развојот на образованието на наставници во Република Македонија (од учителска школа – Штип до Педагошки факултет – Штип). Воспитание / Vospitanie - Journal of Educational Sciences, Theory and Practice, [S.l.], v. 7, n. 11, p. pp.111-125, apr. 2013. ISSN 1857-8705. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/article/view/230>. Date accessed: 27 feb. 2020.