ТЕХНОЕКОНОМСКА АНАЛИЗА НА ПОДГОТОВКА И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПОДЗЕМНАТА ГАСИФИКАЦИЈА ВО РУДНИЦИТЕ ЗА ЈАГЛЕН
Abstract
Доколку ја земеме во обѕир количината и квалитетот на достапните јагленовите ресурси, нашата земја која не располага со доволни и по структура поволни резерви на енергетски сировини, тогаш сме во ситуација да ја примениме новата технологија на експлоатација на вонбилансни резерви на јаглен. Најважна активност секако е изборот на локацијата за подземна гасификација на јаглен, која зависи, пред сѐ, од јагленовиот ранг, дебелината и длабочината на слојот, типот на покривните и основните слоеви, пропустливоста, порозноста на јагленот и околните карпи, итн. Неопходно е да се разгледа количината на јаглен што е во состојба да се гасифицира и да се процени вкупниот волумен на произведен гас од ПГ. Секако, пресметките за капитално инвестирање и техничките трошоци на производство имаат многу значајно место и во овој труд ние ќе им посветиме особено внимание на тоа.