КОМЕРЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ПОДЗЕМНАТА ГАСИФИКАЦИЈА НА ЈАГЛЕН ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Abstract
Модерната технологија, истражувањата и развојот повеќе од еден век ja турнаа подземната гасификација со јаглен (UCG) преку така наречената "Proof of Concept" фаза. Од резултатите добиени од претходните испитувања се покажа дека UCG можат да ја експлоатираат енергијата од јагленот ефикасно и со лимитирано влијание врз животната средина споредено со конвенционалните технологии.
Многу земји од Европската Унија (дури и во светски рамки) се стремат да ги задоволат нивните потреби за енергија и покрај големите резеврви на јаглен што ги поседуваат, кои што не можат да го експлоатираат конвенцијално поради неговата длабочините на кои што се наоѓа. Апликација на модерната UCG техника, нуди можност за екстракција на енергијата од јаглен од длабочините и се со лимитиран импакт на животната средина. Како и да е, неколкуте потешкотии, како што е јавното мислење и емисиите од јаглерод диоксид (CO2) мора да се надминат порано пред оваа технологија да се комерцијализира во Европската Унија.