Производно - економски ефекти од производството на сончоглед во Овче поле

  • Jovan Azderski
  • Dane Bosev
  • Ljupco Mihajlov

Abstract

Испитувањата беа изведени во реонот на Овче Поле, на површини од ДОО „14-ти Септември“ Свети Николе, на индустриска култура сончоглед. Со анализа на производно-економските ефекти од производството на оваа култура, е опфатено истото претпријатие (ДОО), кое е предмет на проучување во трите последователни години и тоа 1991, 1992 и 1993 година, а притоа како базна е земена 1989.

Трудов, што како предмет на проучување го опфаќа обемот на трошоците и доходот на единица производ, укажува дека производните ефекти кај сончогледот, секоја година покажуваат дивергентни промени, шро се последица главно од низа влијаниа на надворешни факори, паритет-усогласеност на цените во целина, интезитет на инфлаторните движења и слично, како и од познатите отежнати економски услови во стопанисувањето на претпријатијата, рационалноста во искористување на капацитетите и воопшто од доследното спроведување и почитување на принципот на економичноста.

Published
2013-04-22

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2