Серолошки одлики на бактеријата ERWINIA AMYLOVORA (BURILL 1882; WINSLOW ET AL.1920) со потекло од Македонија
Abstract
Со антисерум на автентичниот род (1430) на бактеријата E. amilovora, по потекло од Франција , и антисерумот на два наши рода (Cu-39 i Kš-89) испитувана е ефикасноста на серолошките тестови на аглутинација, на микроскопски плочи и во епрувети, со цел да се докажат овие бактерии во култура, изолирани од заразени круши, јаболки и дуњи.
Се покажа дека сите три користени серуми покажуваат посебна специфичност, позитвно реагирајќи со хомологните и хетерологните антигени на сите 11 испитувани изолати на E. amilovora.