Здраствена состојба на пиперката во струмичкиот регион во 1998 година

  • Sasa Mitrev
  • Dusan Spasov

Abstract

Во ова истражување проучувана е здравствената состојба на пиперката во струмичкиот регион, во текот на производната 1998 година. Пиперката заедно со доматите и краставициците претставуваат најзначајни раноградинарски култури, со големо економско значење за населението во ова подрачје, а и пошироко во Македонија. Во текот на испитувањето регистрирано е присуството на повеќе растителни болести со различна природа и тоа од: габино, бактериско и вирусно потекло, како и присуство на различни штетници. За правилна детерминација на некои позначајни габни и бактериски заболувања извршени се и лабораториски испитувања. Од добиените резултати при ова испитување може да се заклучи дека во текот на производната 1998 година најголема застапеност имаа вирусните заболувања кои ги причинуваат: вирусот на мозаикот на краставицата кај пиперката Cucumis mosaic virus - CMV, вирусот на мозаикот на луцерката Alfalfa mosaic virus - AAMV, вирусот на мозаикот на тутунот Tobacco mosaic virus - TMV и некои други не толку значајни вируси. Габните и бактериските заболувања се појавуваа со послаб интензитет, но и нивното зна~еwе не е ни[то помалку ва`но. Од габните болести посебно зна~еwе има причинителот на пламеницата кај пиперката (Phytophthora capsici), додека од бактериските болести најзначен е причинителот на дамкавост кај листовите и плодовите (Xanthomonas vesicatoria). Во производната 1998 год. интензитетот на вирусните заболуваwа беше невообичаено послаб споредено со претходните неколку години, кога штетите беа многу позначајни. Послабиот интензитет на вирусните болести можеби се должеше на слабата застапеност на лисните вошки, кои претставуваат всушност и најважни преносители на споменатите вируси кај пиперката. Кај набљудуваните производни парцели под пиперка не беа регистрирани некои посериозни напади од штетници.
Published
2013-04-23

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 5 6 > >>