Подобрување на сортните одлики на пиперката Куртовска капија по пат на одбирање и анализа на почетниот материјал

  • D Jankulovski
  • C Stojkovski
  • Verica Demirovska
  • Dobrin Jakimov
  • Mikica Cavdarova
  • V Gligorov

Abstract

Од вкупните површини под пиперка во Република Македонија (9.000- 10.000) ha сортата Куртовска капија е застапена на 3.000-3.500 ha главно во југоистичниот дел на Републиката. Ова сорта по своите генетски особини има високи вредности. Мегутоа, последните 8-10 години настана дегенерација на сортата при што приносот опадна за 30-35% од нејзиниот просечен потенцијал. Целта на испитувањата е подобрување на сортните особини со примена на одабирање и анализа на почетниот материјал (линии) за одбираwе на чист семенски материјал. Во 1998 година одбрани се вкупно 264 линии од 10 локалитети во Струмичко-радовишкиот реон од чисти посеви на оваа сорта. Со биометриските анализи утврдена е големина на плодовите, така да коефициентот на варирање (CV) кај поедини линии изнесува 5,2-21,5. Следната година (1999) издвоени се само 100 линии со понисок степен на варирање и засеани се 150-200 растенија од секоја линија. Деталните анализи во текот на вегетацијата и на основа биометријските анализи на плодовите како плус варијанти издвоени се 30 за понатамошно размножуваwе. Стастистичката анализа на поедини параметри на плодовите: 5 линии покажаа значајност, 4 доста значајни и 2 високо значајни позитивни разлики. Линиите се стабилни, со низок коефициент на варирање кои ги исполнува својствата на сортата. Избрани се 11 линии кои ќе бидат предмет на понатамошна работа со постојните методи да се постигне размножување на висока категорија на семенски материјал.
Published
2013-04-23

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>