Напоредно влијание на УРАС и KAN врз основа на NPK врз приносот, морфолошките и хемиските својства на пиперката

  • Milan Jekik
  • Vasil Kocevski
  • Dobrin Jakimov

Abstract

Врз основа на четиригодишните резултати со пиперката Куртовска капија на алувијална почва во струмичко, ѓубрена со NPK и прихранувана со двете азотни ѓубриња УРАС и KAN, може да се констатира следното:

- двете азотни ѓубриња просечни ги зголемуваат приносите за околу 5 t/ha или 23%

- врз морфолошките својства на плодот, во просек од четири години, тие покажале слаб ефект, освен донекаде кај тежината, должината и дебелината на плодот,

-на хемиските својства на плодот минералниоте ѓубриња на плодот имале мал ефект, освен врз содржината на бета каротинот кој се зголеми за 56 - 60% ,

- азотните ѓубриња УРАС и KAN, воглавно имаат приближно ист ефект врз приносите, морфолошките и хемиските својства на плодот од пиперката сорта куртовка капија на алувијална почва во струмичко.

Published
2013-04-22

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>