УЛОГАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО СОВРЕМЕНОТО РАБОТЕЊЕ
Abstract
Улогата и значењето на менаџментот на човечки ресурси во современото работење се огледува во правилното организирање на активностите, преку ангажирање на вистински личности на соодветните места и овозможување на усовршување и унапредување на кадрите, т.е. вработените, како и правилно мотивирање и наградување на вработените, а со тоа и постигнување подобри резултати во работењето во организацијата. Еволуција значи менување и развој на луѓето. Во современиот свет, одржлива конкурентска предност може да произлезе само од нивните вештини, искуства и креативност. Во модерната економија, релативно лесно е да се обезбеди капитал за основа на добри и јасни идеи, но управувањето со човечките ресурси, за таа идеја да се претвори во бизнис и да постигне одржлива конкурентска предност е, секако, најважниот предизвик за менаџментот во XXI век. Во трудов преку теоретска елаборација и табеларен, пресметковен и графички приказ ќе бидат презентирани најновите сознанија од состојбите на менаџментот на човечките ресурси.