УЛОГАТА НА МЕНАЏМЕНТ КОНТРОЛАТА ВРЗ РАБОТЕЊЕТО НА КОМПАНИИТЕ (СО ФОКУС НА ТЕКСТИЛНАТА ДЕЈНОСТ ВО ШТИП)

  • Kristina Ancevska
  • Trajko Miceski
Keywords: процес, проверка, стандарди, однесување, резултати, укажување.

Abstract

Контролата претставува процес кој е насочен кон проверка во сите сфери на работните активности, споредување на остварените резултати со поставените стандарди, утврдување на разликите меѓу нив, како и преземање на потребните корективни акции за отстранување на отстапувањата. Таа е секојдневна активност, како на субјектите на менаџментот, така и на специјализираните организациски единици или индивидуални професионални личности. Во основа контрола треба да претставува клучна детерминанта за успехот во целокупното работење, затоа е потребно процесот на контрола да биде дефиниран со поставувањето на целите кон кои се стреми компанијата. Во тој поглед умереноста треба да биде главна карактеристика на системот на контрола и истиот да претставува мотивирачки поттик на сите менаџери и вработени, кој реално ќе укажува како на позитивните активности и резултати, така и на евентуалните грешки при работните активности, однесувањата и резултатите на работењето. Во трудот се направени теоретски и емпириски истражувања, обработка на добиените одговори на испитаниците, нивна пресметка според Х2 - тестот и коефициентот на контингенција, и истите се прикажани табеларно и графички.

Downloads

Download data is not yet available.

References

1. Albrecht Deyhle, Alfred Blazek, Klaus Eiselmayer (2011), Controlling and the controller ;
2. Bob Kimball (2004), The book on management ;
3. Chuck Williams (2015), MGMT: Principles of management 8th Edition;
4. Flamholtz E., 1996, Effective Management Control: Theory and Practice (Boston, MA: Kluwer);
5. Мицески, Трајче, (2009). Здравствена статистика и анализа на податоци, Универзитет „Гоце Делчев”, Штип;
6. Robert J. Mockler (1972), The management control process ;
7. Samuel C. Certo,S. Trevis Certo (2016),Modern management:Concept and skills 14th Edition;
8. Kimura S. and Mourdoukouta P.(2000),Effective integration of management control systems for competing in global industry; 9. Jeff Prince, Michael Baye, Managerial Economics and Business Strategy (2013)8th Edition.
Published
2020-12-13
How to Cite
Ancevska, K., & Miceski, T. (2020). УЛОГАТА НА МЕНАЏМЕНТ КОНТРОЛАТА ВРЗ РАБОТЕЊЕТО НА КОМПАНИИТЕ (СО ФОКУС НА ТЕКСТИЛНАТА ДЕЈНОСТ ВО ШТИП) . Yearbook - Faculty of Economics, 12(1), 139-153. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3873

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 5 6 7 > >>