УЛОГАТА НА МОДАЛНИТЕ ГЛАГОЛИ КАКО УБЛАЖУВАЧИ ВО АНГЛИСКИОТ И ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

  • Marija Kusevska

Abstract

Во овој труд се осврнуваме на модалноста како категорија која
има значителна улога при градењето на говорните чинови и комуникацијата меѓу
луѓето. Во основа на нашето истражување се говорните чинови на несогласување
во англискиот и во македонскиот јазик. Поаѓајќи од претпоставката дека постои
разлика меѓу англосаксонската и македонската култура, очекуваме дека постои
разлика и во поглед на јазичните средства кои припадниците на овие култури
ги користат за изразување на говорните чинови. И бидејќи несогласувањето е
говорен чин кој го загрозува лицето и на говорителот и на неговиот соговорник,
соговорниците прибегнуваат кон употреба на јазични средства со кои ќе го
намалат ризикот од попречување на комуникацијата. Во тој поглед голема улога
имаат модалните глаголи. Во нашата анализа прво ќе ја опишеме употребата на
модалните глаголи во двата јазика посебно, а потоа ќе објасниме врз основа на
што се темелат разликите.

Published
2018-12-22

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>