ПИЏИН И КРЕОЛСКИ ЈАЗИК

  • Katerina Stojanovska
  • Marija Kusevska

Abstract

Контактот на луѓето во одредена заедница е еден од многуте
фактори поради кои јазикот е интересен за истражување. Насушната потреба
за меѓусебна комуникација на говорители кои се со различни јазични основи и
не си ги познаваат меѓусебно јазиците резултирала со создавање на нови јазици,
кои имале поедноставни граматички правила. Тие новонастанати јазици се
познати како пиџин и креолски јазик. Овие два јазика си имаат свои сопствени
карактеристики коишто може да се разликуваат. Пиџин е јазик којшто е намален,
поедноставен и којшто настанува како резултат на контакт помеѓу групи без
заеднички јазик. Додека, пак, креолскиот јазик е жаргон којшто станал мајчин
јазик на една говорна заедница. Може да се каже и дека претставува јазик на
една втора генерација на говорители. Откако ќе се запознаат поради различни
животни потреби (трговија, бизнис итн.) луѓето веднаш посегнуваат по средство
за комуникација. Имаат потреба од меѓусебна комуникација. Комуникацијата
меѓу групи на луѓе коишто немаат заеднички јазик резултира со создавање
на пиџин. Во оној момент кога пиџинот ќе стане мајчин јазик на една говорна
заедница тогаш тој преминува во креолски јазик.

Published
2018-12-22

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>